Испитување на простата

февруари 5, 2019
indus-medika-logo.png

Простата е орган, дел од репродуктивнот систем кај мажите со големина на  костен, сместена под мочниот меур. Промените и заболувањата кои настануваат на овој орган најчесто се поврзани со возраста на мажот и се јавуваат после 40 тата година. Затоа е многу важно да се прават редовни испитувања на истата со цел навремено откривање и превенирање на заболувањата на простата. Препораките се секој маж после 40 тата година да прави испитувања на функцијата на простата преку испитување на PSA ( Простата специфичен антиген ) еднаш годишно.

Дијагностичката  лабораторија Индус Медика врши испитување на PSA на најсовремена апаратура и тестови со што се гарантираат точни и прецизни резултати. Нашиот високо стручен тим ќе се погрижи да ги добиете Вашите резултати во најбрз можен рок истиот ден.

За испитување на оваа анализа не се потребни посебни припреми на пациентот. Испитувањето на простата специфичниот антиген се врши преку крв. Нашиот стручен тим ќе се погрижи да не осетите болка и нелагодност во текот на венската пункција.

Простата специфичниот антиген ( PSA ) во крвта е застапен во две форми: Тотална PSA ( T PSA ) и слободна PSA ( free PSA ).

rak-na-prostatata
PROSTATA-3

Дијагностичka лабораторија Индус Медика препорачува испитување и следење на овие два тумор маркери за рано откривање на патолошките состојби кои можат да се појават на простата.

Нормалните вредности за Т PSA изнесуваат до 4 ng/ml, а на f PSA до 0.04 ng/ml.

Зголемени вредности на овие два параметри ( T PSA и f PSA ) можат да укажат на воспаление на простата ( простатитис ), бенигна простатачна хиперплазија  BPH  (зголемена простата), како и на канцерогени промени на самата простата. Токму заради овие состојби многу е важно да се прави редовен скрининг на простата преку испитување на овие два параметри за нивно рано откривање и навремено третирање.

Искористете ја можноста да ги испитате овие два параметри во Дијагностичка лабораторија Индус Медика до крајот на месец февруар со попуст од 20 %.

Редовна цена -1200 денари.

Попуст 20 %- 960 денари.

indus-medika-logo

Индус Медика е првична дијагностичка лабораторија во Источна Европа, специјализирана за хистопатологија - цитологија, микробиологија и биохемија предводена од нашиот експерт, д-р Санџај Мехта (MD, патолог).
Објектот е воспоставен на столбовите на благосостојбата на човекот, здравјето и благосостојбата на животот и тоа е духот со кој работиме кон лекување на секој пациент кој доаѓа кај нас.

Recent Posts

Индус Медика 2018. Сите права задржани. powered by Wede Tech